Тим

Meet The Team!

Здраво! Моето име е Вера, имам 17 години (засега) и сум дел од тимот за Кариерно Насочување. Музиката ми е воедно и хоби и опсесија а по природа сум љубопитен човек што сака да поставува прашања. Откако дознав дека истото прашање што ме мачи мене е присутно и кај голем дел од моите врсници, заедно со мојот тим си зададовме цел да ја покренеме свеста за тоа колку е важно младите да ги знаат своите потенцијали и можности и како најдобро да ги искористат.










Здраво на сите! Јас сум Бојана Даневска и многу сакам да волонтирам, да гледам серии и филмови и да одам на фестивали. Според мене секој млад човек треба да има пристап до кариерно насочување бидејќи само така ќе се постигне чувство на среќа и успех на глобално ниво!





Здраво на сите 🙂
Јас сум Марија, по природа сум креативна душа која сака да размислува "Out of the box"!
Пред некоја година кога требаше да донесам одлука околу моето кариерно насочување, неможев да наидам на адекватна помош која ќе ми помогне да ја направам својата одлука.
Поради тоа што верувам дека постојат многу млади луѓе кои се во слична ситуација, решив да станам дел од тимот кој ќе поткрене иницијатива да се осмислат нови решенија кои ќе им помогнат на младите да ја донесат правата одлука.
Постарите велат од грешките се учи, но сепак ние веруваме дека околу ова прашање потребно е младите да добијат професионална насока која ќе им помогне да имаат правилен кариерен развој!



Здраво!Јас сум Ивона Трајкоска, дел сум од тимот кој што ја реализира младинската иницијатива на тема:,, Кариерно насочување".Секојдневно си го поставувам прашањето,, Пораснав, што сега? ". Верувам дека и повеќето мои врсници се соочуваат со овој проблем.Затоа јас и останатиот дел од тимот одлучивме активно да учествуваме во изнаоѓање на одговори на ова прашање, со поткренување на свеста, дознавање на нашите потенцијали, можности и нивна практична примена









Здраво! Јас сум Моника и сум дел од иницијативата за кариерно насочување. Многу сакам јазици, многу сакам концерти и фестивали, многу сакам да патувам и да се запознавам со разни луѓе. Дел сум од оваа иницијатива бидејќи сакам да се подигне свеста за потребата на кариерното насочување.












Здраво. Јас сум Далибор и сум дел од тимот за кариерно насочување. Со мојот тим имаме за цел да ја подигнеме свеста кај младите за запознавање на себеси,нивните способности и потенцијали. Тие се од голема важност за понатамошниот развој. Затоа кариерно насочување е она што ни недостига за подобрување на нашата иднина.

1 comment: