Што е кариерно?

  Во текот на животот, ти си под влијание на разни формални, неформални, организирани, спонтани влијанија кои ти помагаат да го одредиш твојот животен и кариерен пат. Една од твоите најважни одлуки во животот е да го насочиш твојот пат кон одредена кариера.
За да ја завршиш успешно оваа цел односно да го одредиш твојот вистински воедно и посакуван пат ти треба некое насочување.

 
Доколку секој ученик подеднакво би имал соодветно кариерно насочување, тогаш интересите на младите би дошле во преден план. И не само што ќе бидат адекватно советувани и насочувани туку ќе се земат во предвид и нивните предлози, идеи и потреби.
   Заедно да градиме општество кое ги цени талентите и способностите на својата младина, бидејќи еден ден, вие ќе ја наследите целата одговорност. А никој не би сакал да биде одговорен за работа која не го исполнува, нели?


   Кариерен советник треба да поседува секое училиште во Република Македонија, но колку од нас би можеле да потврдат дека се известени за нивното постоење или дека се запознаени со нивната дејност? 
Улогата на кариерниот советник е правилно да го насочи и советува ученикот за тоа кој пат треба да го избере додека се наоѓа на раскрсницата на животот. Да го запознае со неговите можности за понатамошно образование, конкурсите за стипендии, условите во училиштата како и воншколски активности кои би му помогнале да се изгради себеси како личност.

Дали ти познаваш некој таков?

No comments:

Post a Comment