Портфолио

Камп (24.08.2019 - 30.08.2019) 


   Кампот, не само што ни помогна да се стекнеме со лидерски дух туку и да се развиеме како уникатните и единствени личности кои сме.
  Заедно, ги составивме причините и последиците за проблемот со недостаток на кариерно насочување, направивме акциски план во кратки црти и започнавме со негово реализирање.










   Нееднакви можности, влијание од родителите и незаинтересираност се само едни од причините кои доведуваат до непродуктивност, нарушено ментално здравје и сумирано - незадоволство.
   Иселувањето од друга страна, претставува кулминацијата од незадоволството на младите. Секој амбициозен поединец сака да придонесе за своето општество и да биде корисен - но како да го направи тоа доколку не е насочен правилно?

Името Пораснав, Што Сега? (благодариме Бојана на предлогот) совршено ја претставува збунетоста на адолесцентниот период.

Кој сум?
За што сум способен?
Дали ќе го направам правилниот избор?



Бојана (долу), Иван (горе лево) и Вера (десно), обидувајќи се да го снимат промотивното видео.
  Благодарност до Иван што се согласи да биде наш актер, а во замена за тоа ние ќе го мотивираме да не го запишува факултетот кој не го исполнува:)

No comments:

Post a Comment