На оваа работилница беа присутни дваесетина учесници, нашиот ментор, неколку членови од тимот како и психолог.
Целта на овој настан беше да ги поттикнеме нашите учесници да се осознаат себеси, своите квалитети и сопствениот карактер како и оние занимања кои најмногу би им одговарале.
Нашиот психолог Јасмина Јонуз преку квиз и анализа на добиените резултати ги запозна младите со позитивниот исход од тоа да се познаваат себеси за да знаат што е најдобро за нив во иднина.
Оваа прилика ја искористивме за да ги презентираме и резултатите од спроведената анкета анализирајки ги сите прашања како и неколку интересни податоци на кои наидовме за време на обработката на податоците.
Учесниците беа исто така поделени во две групи и им беше дадена задача при која беа увидени разликите помеѓу сите присутни докажувајќи дека секоја индивидуа е различна на свој начин и корисна на свој начин за општеството.
Фидбекот кој го добивме беше позитивен и премногу мотивирачки за да продолжиме понатаму со овој проект, а и ние како тим се надеваме дека стекнатата дружба ќе продолжи и надвор од просториите на инфо клубот.
-Тим за кариерно насочување
No comments:
Post a Comment